Флорентино Перес најави спектакуларен трансфер вреден 150 милиони евра за португалската ѕвезда на ПСЖ, Жоао Невеш.
Во пресрет на клупските претседателски избори, каде противник му е Енрике Рикелме, актуелниот лидер на Мадрид откри дека веќе во вторник ќе испрати рекордна понуда за еден од најдобрите млади играчи за врска во светот. Иако Перес не го соопшти името, тој нагласи дека не се работи за Ерлинг Халанд, Мајкл Олисе или фудбалер од англиското првенство, но шпанските медиуми брзо открија дека негова примарна цел е токму Невеш. „Кралевите“ се подготвени да понудат и поголема сума доколку е потребно, со цел да започнат целосно нова ера во средниот ред на тимот.
Дваесет и едногодишниот Португалец пристигна во Париз во 2024 година од Бенфика за 66 милиони евра и експресно прерасна во клучен играч, бележејќи 14 погодоци и исто толку асистенции на 97 средби за францускиот шампион. Покрај него, Перес наводно веќе ги обезбедил доаѓањата на Жозе Мурињо, Дензел Дамфрис и Ибрахима Конате, а следна голема желба за дополнување на дефанзивната конкуренција е Хрватот Јошко Гвардиол.

