Кошарка Меѓународна кошарка

Реал Мадрид се засили со Макс Шулга од Бостон

Шпанскиот гигант Реал Мадрид официјално доведе ново засилување за бековската линија, потпишувајќи двегодишен договор со украинскиот кошаркар Макс Шулга. Тој пристигнува во редовите на „кралскиот клуб“ директно од НБА лигата, каде што изминатава сезона ја помина како член на Бостон Селтикс.

Иако во најсилната кошаркарска лига во светот запиша скромни 11 настапи, Шулга одигра одлична сезона во развојната лига за Мејн Селтикс, каде што бележеше просек од 15,7 поени, 6,7 асистенции и 4,4 скока. Преселбата во Шпанија за него не претставува непознат терен, бидејќи уште на 11-годишна возраст се преселил од Киев на Пиринеите и кошаркарски се развивал во академија во Мадрид, пред заминувањето на американските колеџи Јута и ВЦУ.

Шулга потекнува од спортско семејство, неговиот татко Борис повеќе од две децении беше кошаркарски судија, додека неговата мајка Олга исто така се занимавала со кошарка. По изборот како 57-ми пик на драфтот во 2025 година од страна на Орландо и епизодата во Бостон, Украинецот сега добива голема шанса да го покаже својот талент на највисокото европско ниво.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.