Кошарка Меѓународна кошарка

Реал Мадрид преку Хапоел патува на Ф4 во Атина!

Реал Мадрид стана вториот патник на завршниот турнир во Евролигата, откако во Ботевград ја искористи втората меч-топка и со 3:1 во серијата го елиминираше Хапоел Тел Авив (87:81). Иако дебитантот од Израел започна силовито, „кралевите“ со серија од 13:0 брзо ја презедоа контролата и рутински го приведоа мечот до крај, доминирајќи најмногу во скок-играта (41:29).

На Хапоел не му помогна ниту фантастичната партија на Василије Мициќ, кој оствари индекс 34 со дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 асистенции, како ни ефикасниот Даниел Отуру со 29 поени. Кај победникот, Усман Гаруба со 16 поени беше „Х-факторот“, додека Хезоња и Маледон додадоа по 14. Реал Мадрид сега го чека својот противник во Атина (22-24 мај), кој ќе биде подобариот од дуелот меѓу Панатинаикос и Валенсија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести