Меѓународен фудбал Фудбал

Реал Мадрид понуди рекордни 150 милиони евра, Атлетико експресно ги одби!

Летниот трансфер пазар доживеа вистинска експлозија откако Реал Мадрид официјално потврди дека испратил рекордна понуда од 150 милиони евро за првата ѕвезда на градскиот ривал, Хулијан Алварез. Потегот на Флорентино Перез доаѓа веднаш по неговиот реизбор за претседател, како исполнување на ветувањето за носење на нов „Галактико“.

Сепак, од таборот на „Јорганџиите“ пристигна експресен ладен туш. Иако „Кралевите“ објавија дека Атлетико културно се заблагодарил за понудата во рамките на добрите односи, клубот од „Метрополитано“ веднаш возврати со брутална реакција на социјалните мрежи, демантирајќи ја дипломатијата.

Управата на Атлетико јасно стави до знаење дека нема намера да преговара и го упати Реал на фиксната откупна клаузула во договорот на Аргентинецот, која изнесува астрономски 500 милиони евра.

Алварез, кој минатата сезона постигна 20 голови под водство на Симеоне, летово е мета и на Барселона и ПСЖ, но понудата на Реал ја подигна драма на највисоко ниво. Сега топката е повторно кај Перез, кој ќе мора да одлучи дали ќе се откаже или ќе подготви уште поголем финансиски напад.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.