Меѓународен фудбал Фудбал

Реал Мадрид подготвува неверојатни 220 милиони евра за Мајкл Олисе?

Реал Мадрид тргнува во тотална офанзива по две неуспешни сезони во Шпанија и Европа. Новиот тренер Жозе Мурињо бара врвни засилувања за брзо враќање на тронот. Главна трансфер мета на „кралевите“ летово е суперѕвездата на Баерн Минхен, Мајкл Олисе.

Угледниот весник „Марка“ тврди дека почетната понуда ќе изнесува фантастични 200 милиони евра. Претседателот Флорентино Перез е подготвен да оди и до рекордни 220 милиони евра. Баерн Минхен веднаш порача дека нема никаква намера да го продава својот играч. Сепак, големата желба на Олисе и моќта на Реал можат да го скршат германскиот отпор.

Сериозен адут во преговорите е Килијан Мбапе, кој одлично соработува со Олисе во репрезентацијата. Францускиот напаѓач има само зборови за пофалба за својот сонародник по заедничките мечеви.

„Со Мајкл е исклучително лесно бидејќи тој секогаш гледа напред и забележува сè на теренот.“ – порача Мбапе

За да го финансира овие мега трансфер, Реал ќе мора да продаде некоја своја голема ѕвезда. Поради неодамнешните физички судири, клубот најверојатно ќе го напушти Чуамени или Валверде. Нивното заминување ќе донесе сериозен прилив на свеж кеш во клупската каса. Мадридскиот гигант е подготвен за нов историски преоден рок на пазарот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.