Меѓународен фудбал Фудбал

Реал Мадрид подготвува историски понуда евра за Мајкл Олисе?

Реал Мадрид се подготвува целосно да го разниша фудбалскиот пазар со трансфер кој би влегол во историјата како најскап на сите времиња. Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралскиот клуб“ е подготвен да издвои неверојатни 223 милиони евра за францускиот репрезентативец Мајкл Олисе. Со ова би се соборил рекордот кој веќе девет години го држи трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ.

Олисе веќе дал зелено светло за преселба на „Сантијаго Бернабеу“ и не ја крие желбата да го облече белиот дрес. Единствена пречка во моментов е Баерн Минхен. Германскиот гигант официјално тврди дека нивниот офанзивец не е за продажба, но ретко кој верува дека баварците би одбиле ваква рекордна понуда.

Претседателот Флорентино Перез планира да ја испрати официјалната понуда веднаш по завршувањето на Светското првенство. Износот од 223 милиони е намерно избран за да биде точно за еден милион поголем од сумата која ПСЖ ја плати за Нејмар во 2017 година.

Мадридскиот клуб во Французинот гледа еден од клучните носители на играта за следната деценија. Неговата брзина, техника и дриблинг се карактеристики кои според управата совршено би се вклопиле во тимот. Планот е Олисе заедно со Килијан Мбапе и Винисиус Јуниор да ја формираат најстрашната напаѓачка тројка во Европа, со која тренерот Жозе Мурињо би нападнал трофеи на сите фронтови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.