Реал Мадрид официјално го потврди враќањето на Ели Џон Ндиаје, кој повторно ќе го носи дресот на шпанскиот гигант. Дваесет и двегодишниот крилен центар потпиша договор на две сезони, односно до крајот на 2027/28. За Ндиаје ова е враќање во добро позната средина. Сенегалецот претходно помина четири години во Мадрид, од 2021 до 2025 година, период во кој со Реал освои дури осум трофеи. Во неговата колекција се една титула во Евролигата, три шампионски титули во Шпанија, еден Куп на кралот и три Суперкупа на Шпанија.
Минатото лето Ндиаје се обиде да направи чекор кон НБА-лигата, откако потпиша двонасочен договор со Атланта. Сепак, поради повреда на рамото мораше да се оперира и не успеа да дебитира во најсилната лига во светот. По неговото отпуштање од Атланта во декември, настапуваше само за Колеџ Парк во НБА Г-лигата. Сега повторно се враќа во Европа и во клубот со кој веќе има богато искуство. Во Евролигата во сезоната 2023/24 бележеше просек од 3,7 поени и 2,5 скока за нешто повеќе од 14 минути на паркетот.

