Реал Мадрид е првиот освојувач на Суперкупот на Евролигата, откако во Абу Даби го совлада Олимпијакос со 93-89. „Кралевите“ му се реваншираа на грчкиот состав за поразот во минатосезонското финале на Евролигата и на најдобар можен начин ја отворија новата сезона. Мадриѓаните подобро го започнаа натпреварот и во првото полувреме успеаја да го наметнат својот ритам. Олимпијакос, сепак, покажа зошто е актуелен европски шампион и во третата четвртина направи пресврт, па пред последните десет минути Реал се најде во негатива.
Сепак, тимот на Педро Мартинез не дозволи натпреварот да му се лизне од раце. Во решавачкиот период Реал повторно ја воспостави контролата, ја врати предноста и во неизвесната завршница успеа да го сочува водството. Тимоти Луваву беше најефикасен кај победникот со 12 поени, додека Андрес Фелиз постигна 11 и имаше важна улога во финишот. По 11 поени додадоа и новите засилувања Хаиме Прадиља и Микел Јантуен. Факундо Кампацо натпреварот го заврши со седум поени и девет асистенции. Кај Олимпијакос повторно се истакна Саша Везенков со 22 поени, но неговиот учинок не беше доволен за нова победа над Реал.
SUPERCUP CHAMPIONS 🏆@RMBaloncesto become the first-ever Euroleague Basketball SuperCup champions! ⚪️
Another piece of silverware for the most decorated EuroLeauge team! pic.twitter.com/0izgguOnLo
— EuroLeague (@EuroLeague) September 19, 2026

