Реал Мадрид и официјално го реализираше еден од најголемите трансфери во фудбалската историја откако постигна целосен договор со РБ Лајпциг за ангажман на 19-годишниот офанзивец Јан Диоманде. Младиот талент стави потпис на седумгодишна соработка со шпанскиот гигант, обврзувајќи се на верност кон „кралскиот клуб“ до 30 јуни 2033 година.
За овој трансфер Реал Мадрид издвои рекордни над 140 милиони евра, со што Диоманде станува најскапиот фудбалер во историјата на клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Раководството на мадридскиот тим во 19-годишниот офанзивец гледа еден од најперспективните фудбалери во Европа, кој во иднина треба да биде еден од главните носители на новиот долгорочен проект на клубот.

