Меѓународен фудбал Фудбал

Реал Мадрид го наградува Арда Ѓулер: Нов договор и клучна улога кај Мурињо

Реал Мадрид се подготвува да му понуди нов, значително подобрен договор на Арда Ѓулер, со што шпанскиот гигант сака да ја потврди довербата во младиот турски офанзивец и да го награди неговиот импресивен напредок. Според пишувањата на мадридските медиуми, двете страни веднаш ги договориле клучните детали и се очекува ставањето потпис да биде само чиста формалност.

Иако неговата актуелна соработка трае до 2029 година, раководството на „кралскиот клуб“ смета дека Ѓулер ги надмина досегашните услови и израсна во вистинска ѕвезда на тимот. Неговиот квалитет исклучително го цени и Жозе Мурињо, кој го користи како класична „десетка“ во формацијата 4-2-3-1. За разлика од периодот под водство на Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа кога делуваше од централниот дел на теренот, Португалецот му намени позиција многу поблиску до противничкиот гол.

Понудата за нов договор доаѓа и како одговор на летниот интерес од страна на Челзи, каде што предводник е токму Алонсо, кој исклучително ги ценеше квалитетите на Турчинот за време на престојот во Мадрид. Со новиот потпис, Реал става крај на сите шпекулации за негово евентуално заминување од „Сантијаго Бернабе“.

Ѓулер зад себе има одлична сезона во која на 51 натпревар запиша шест погодоци и 14 асистенции, а во истиот ритам ја започна и новата кампања во Ла Лига, каде што по првите четири кола веќе има еден гол и една асистенција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.