Меѓународен фудбал Фудбал

Реал и Бајерн извисија: Гвардиол во Сити до 2031 година!

Иако Манчестер Сити влегува во неизвесна ера по заминувањето на Пеп Гвардиола, клубот успеа да ја осигура својата најважна алка во одбраната. Како што ексклузивно пренесува „Би-Би-Си“, Јошко Гвардиол дефинитивно ги одбил понудите од европските гиганти Реал Мадрид и Бајерн Минхен и одлучил да стави потпис на нов договор со „граѓаните“ со важност до летото 2031 година. Хрватот за оваа лојалност ќе добие и сериозно зголемување на досегашната плата од 12 милиони евра по сезона, со што ќе стане еден од најплатените дефанзивци на планетата.

Оваа одлука паѓа по исклучително тешка сезона за 24-годишниот дефанзивец, кој по одличната прва година на „Етихад“, изминативе месеци мораше да паузира дури четири месеци поради тешка повреда на ногата заработена во јануари. Сепак, цврстиот Хрват успеа навреме да закрепне за Светското првенство, па сега со целосно решена клупска иднина може комплетно да се фокусира на мундијалското дерби против Англија, каде на теренот ќе води директна војна со четворица свои соиграчи од Сити.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.