Франко Мастантуоно пристигна во Реал Мадрид со огромни очекувања и цена од 45 милиони евра, но 18-годишниот аргентински талент сепак ќе мора да почека за својата шанса. Новиот тренер Жозе Мурињо отворено му призна дека ќе има лимитирана минутажа во жестоката конкуренција, па младиот фудбалер реши да замине на едногодишна позајмица во Фиорентина.
Во нападот на кралскиот клуб владее сериозна гужва со Брахим Дијаз, Арда Ѓулер и Родриго, поради што Аргентинецот свесно избра да замине таму каде што ќе игра редовно. Фиорентина прва стапи во контакт, а тренерот Фабио Гросо и спортскиот директор Фабио Паратичи веќе му ги презентираа сите детали од неговата идна улога во тимот.
Раководството на Реал одби да вметне оција за откуп во договорот, бидејќи и понатаму смета дека Мастантуоно е главна инвестиција за иднината на мадриѓаните. Преостанува само клубовите да ги финализираат деталите околу поделбата на платата, по што младата ѕвезда ги започнува подготовките за докажување во Серија А.

