Ако некој знае како се диктираат правилата на фудбалскиот пазар, тоа дефинитивно е раководството на Реал Мадрид, кое изведе неверојатен финансиски маневар со младиот Аргентинец, Нико Паз. Во вистински трансфер-трилер кој траеше едвај 48 часа, „кралевите“ успеаја да направат брутален профит и да го принудат италијанскиот Комо да плати богатство за играч кој до завчера беше нивен.
Мадридскиот гигант најпрво ја активираше специјалната повратна клаузула и го откупи Паз од Комо за само девет милиони евра. Веднаш штом играчот за врска се најде во сопственост на Реал, неговата пазарна вредност експлодираше, а во трката прв се вклучи Интер со понуда од 50 милиони евра. Паниката во Комо и очајната желба на тренерот Сеск Фабрегас да го задржи својот клучен играч за претстојната дебитантска сезона во Лигата на шампионите, ги натераа Италијанците да испратат луда понуда, денеска, според инсајдерот Фабрицио Романо, падна договор за неверојатни 60 милиони евра.
🚨🔵⚪️ EXCLUSIVE: Como agree deal with Real Madrid to BUY Nico Páz on permanent move, here we go! 💣🇦🇷
Agreement reached as Como will re-buy Nico Páz from Real Madrid.
Nico wanted to stay at Como.
ℹ️ Real Madrid will keep control on Nico and mantain BUY BACK CLAUSE. ⚪️🫱🏻🫲🏼 pic.twitter.com/1CvwZ194Tk
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 26, 2026
Ова е незапаметен бизнис на Флорентино Перез. Комо во 2024 година го купи Паз од Мадрид за само шест милиони евра, а сега по неговата блескава сезона во Серија А мораше да исплати десетпати поголема сума за да го врати назад. Младиот офанзивец, кој во моментов се наоѓа на Светското првенство со Аргентина, ја исполни желбата да остане во Италија, но најголемиот победник е Реал. Покрај чистата заработка од 51 милион евра за само два дена, шпанскиот гигант повторно се заштити и во новиот договор вметна уште една повратна клаузула, оставајќи си отворена врата во иднина пак да го врати својот бисер на „Сантијаго Бернабеу“.

