Меѓународен фудбал Фудбал

Раул Хименез се врати во Вулверхемптон!

Мексиканскиот напаѓач Раул Хименез повторно е играч на Вулверхемптон, откако потпиша двегодишен договор со англискиот клуб.

Хименез, после епизодата во Фулам, се враќа во клубот за кој настапуваше од 2018 до 2023 година и каде остави силен белег со 57 голови и 23 асистенции на 166 натпревари.

„Волците“, кои следната сезона ќе играат во Чемпионшип, го потврдија трансферот со пораката „Добредојде дома“, а неговото враќање беше пречекано со големо воодушевување од навивачите.

Раул Хименез во моментов со репрезентацијата на Мексико се подготвува за Мундијалот, а првиот натпревар го имаат веќе утре, на отварањето, против репрезентацијата на Јужна Африка.

Инаку Вулверхемптон предходно во своите редови веќе го донесе и искусниот Киеран Трипие.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.