Меѓународен фудбал Фудбал

Раул е главен фаворит за клупата на Реал Овиедо

Легендарниот капитен и напаѓач на Реал Мадрид, Раул Гонзалес, е на прагот да му се врати на тренерскиот занает и да го преземе шпанскиот второлигаш Реал Овиедо. Прославениот фудбалер се наоѓа на самиот врв од желбите на сопствениците на клубот, „Група Пачука“, при што претседателот Хесус Мартинез посебно ја цени неговата фудбалска филозофија, харизма и знаење.

Раул има и лична поврзаност со клубот од Астурија, бидејќи неговиот син Ектор веќе ги брани боите на резервниот состав на Овиедо. Поранешниот шпански репрезентативец е без ангажман од летото 2025 година, кога го заврши својот петгодишен мандат во Реал Мадрид Кастиља, па ова би било идеална можност за отворање на ново поглавје во неговата тренерска кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.