Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Растодер ќе „стрела” за грчкиот великан Панатинаикос!

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер ја направи следната голема пресвртница во својата кариера, откако и официјално стана нов член на грчкиот гигант Панатинаикос. 24-годишниот напаѓач денес ги комплетираше медицинските прегледи во Атина и стави потпис на четиригодишен договор со клубот, додека швајцарски Тун од трансферот ќе инкасира околу 3,5 милиони евра.

По одличните настапи во швајцарскиот шампионат, Растодер го привлече интересот на повеќе европски екипи, но Панатинаикос најбрзо ја заврши работата и го обезбеди неговиот потпис. Македонскиот голгетер веднаш ќе им се приклучи на новите соиграчи на подготовките во Холандија, каде што грчкиот состав ги темпира формата и амбициите за новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.