Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Расте отпорот против ФИФА: И Северна Америка му кажа „не“ на Инфантино!

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доби уште еден сериозен удар во обидот да го реализира својот контроверзен план поврзан со Светското првенство. По противењето од Европа, сега и КОНКАКАФ, конфедерацијата што ги обединува земјите од Северна и Централна Америка и Карибите, официјално го отфрли предлогот. По состанокот на претставниците на сите 41 национална федерација, КОНКАКАФ соопшти дека предлогот за формирање компанија преку која би се продале удели од комерцијалните права на Светското првенство не добива нивна поддршка.

Во образложението се наведува дека иницијативата не ги поминала предвидените управувачки процедури, дека рокот за одлучување бил неоправдано краток и дека нема потреба од приватен капитал по финансиски најуспешниот Мундијал во историјата. Со ова, вкупно 96 од 211 членки на ФИФА веќе се изјаснија против планот на Инфантино, што значително ги намалува шансите тој да биде реализиран. КОНКАКАФ порача дека иднината на светскиот фудбал мора да остане во рацете на фудбалските организации, а не на приватни инвеститори.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.