Вардар во сабота по шест години може да ја врати титулата во своите витрини. Предноста од шест бодови во однос на Шкендија му овозможува на тимот на Гоце Седлоски веќе викендов, во рамките на 31. коло од ПМФЛ, математички да го осигура пехарот. Доколку Вардар слави против Силекс на домашен терен, а Шкендија не успее да победи против Струга ТЛ, шампионското славје во Скопје и официјално ќе започне.
Клучните дуели се играат в сабота од 16:00 часот, кога во Битола се среќаваат и Пелистер и Шкупи, додека преостанатите мечеви од колото се на програмата в недела.
09.05.2026 (сабота) 16:00 часот
Вардар – Силекс
Шкендија – Струга ТЛ
Пелистер – Шкупи
10.05.2026 (недела) 16:00 часот
Брера – Работнички
Македонија ЃП – Тиквеш
Арсими – Башкими

