Напаѓачот на Англија, Маркус Рашфорд, порача дека во овој момент воопшто не размислува за трансфер и дека негов единствен приоритет е настапот на Мундијалот. Англискиот репрезентативец истакна дека имал желба евентуалната промена на средината да ја заврши пред почетокот на шампионатот. Бидејќи тоа не се случи, тој донесе одлука сите преговори да ги одложи за по завршувањето на турнирот.
„Бев многу јасен во намерите. Сакав секој можен трансфер да се реализира пред Светското првенство. Бидејќи тоа не се случи, сега сакам да го почекам крајот на турнирот. Морам да бидам целосно фокусиран на сегашниот момент“, изјави Рашфорд.
Фудбалерот додаде дека неговиот комплетен фокус е насочен кон националниот тим на Англија, кој се бори за највисокиот пласман. Тој нагласи дека играчите се свесни оти имаат шанса да направат нешто навистина посебно на овој шампионат.
Ваквата изјава дополнително ги подгреа шпекулациите во медиумите околу неговата иднина. Сепак, напаѓачот стави до знаење дека менаџерите ќе мора да почекаат. Репрезентацијата на Англија во осминафиналето ја очекува исклучително тежок дуел против Мексико, кој е еден од домаќините на Светското првенство.

