Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Канада, петта рунда во шампионатот. Британскиот возач стигна до првото стартно место на патеката „Жил Вилнев“ со време од 1:12.578 секунди. Тоа е негова деветта пол-позиција во кариерата и трета последователна на оваа патека во Монтреал. Расел дојде до победата и во спринт трката, после жестоката борба против тимскиот колега Антонели.
Веднаш зад него ќе стартува неговиот тимски колега и лидер во генералниот пласман, Андреа Кими Антонели. Младиот Италијанец заостана само 68 илјадити делови од секундата зад најбрзиот круг на својот колега. Вториот стартен ред е резервиран за болидите на Мекларен, каде актуелниот шампион Ландо Норис заврши пред Оскар Пјастри. Позади нив се пласираа Луис Хамилтон во Ферари и возачот на Ред Бул, Макс Верстапен.
Во топ десет исто така се најдоа Исак Хаџар, Шарл Леклер, Арвид Линдблад и Франко Колапинто. Антонели долго време го имаше водечкото време, но Расел извозе перфектен круг во самиот финиш. Главната трка во Канада се вози во вечерва од 22:00 часот, а дождот може да донесе дополнителен спектакл.
That’s P1 in Q3 for George Russell! 😎
Let’s head onboard for his full @pirellisport Pole Position Lap ⬇️#F1 #CanadianGP pic.twitter.com/Kww69Ypl5u
— Formula 1 (@F1) May 23, 2026

