Еден од најдобрите плејмејкери во историјата на НБА лигата, Расел Вестбрук, би можел да направи сензационален потег и да ја продолжи кариерата во Европа. Неговото име сè почесто се поврзува со Панатинаикос.
Израелскиот портал „Вала Спорт“ пренесува дека атинскиот гигант е подготвен да одвои пет милиони долари по сезона за искусниот кошаркар. Грчките медиуми ја пренесоа веста, но засега нема потврда за официјална понуда.
Сопственикот Димитрис Јанакопулос сака да му обезбеди моќен тим на Жељко Обрадовиќ. Српскиот трофеен стручњак летово се врати на клупата на „зелените“, со кои претходно освои пет европски титули.
Вестбрук минатата сезона настапуваше за Сакраменто. Тој бележеше во просек по 15,2 поени, 6,7 асистенции и 5,4 скока по натпревар.
Поранешниот МВП и деветкратен Ол-стар играч сè уште е еден од најголемите слободни агенти на пазарот. Покрај Панатинаикос, за неговите услуги се распрашува и Хапоел Тел Авив.
Атинскиот клуб веќе ги доведе Гершон Јабуселе, Исак Бонга, Бранко Бадио и Мустафа Фал. Сепак, се чини дека Обрадовиќ сè уште ја бара последната коцка во мозаикот.

