Џорџ Расел призна дека неговите шанси за освојување на шампионската титула во Формула 1 се сведени на минимум, откако на трката на новата патека „Мадринг“ заврши дури на петтото место. Неговиот тимски колега од Мерцедес, Кими Антонели, стигна до осмата победа сезонава и дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман. Италијанецот сега има 81 бод повеќе од Расел.
Британецот имаше проблеми со стратегијата по излегувањето на безбедносното возило во 14. круг. Додека дел од конкурентите преминаа на тврди гуми, Расел остана на средната компонента, поради што подоцна мораше повторно во бокс.
„Разочарувачки беше моментот со безбедносното возило. Тврдите гуми беа многу подобри за мене“, објасни Расел, кој на крајот заостана 29 секунди зад победникот.
На прашањето дали сè уште верува во освојување на титулата, возачот на Мерцедес беше искрен:
„Не би рекол дека е готово, но шансите се исклучително мали. Не размислувам за борбата за титулата, бидејќи не мислам дека сум во неа.“
Расел сега најави дека ќе се фокусира на секоја трка поединечно и ќе се обиде да оствари што е можно повеќе победи до крајот на сезоната.

