Други спортови Останато

Расел на пол-позиција во Барселона, Хамилтон и Антонели веднаш зад него

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, откако беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Барселона-Каталуња“ со време од 1:14.679. Второто најдобро време го постави Луис Хамилтон во Ферари, додека третото место му припадна на актуелниот лидер во шампионатот, младиот Кими Антонели.

Квалификациите во Барселона донесоа огромна драма уште во почетните минути. Шарл Леклер ја загуби контролата над своето Ферари и излета од патеката, завршувајќи директно во заштитниот ѕид. Инцидентот предизвика итен прекин на сесијата и веднаш беа покажани црвени знамиња за да се расчисти патеката, со што Леклер предвреме ги заврши квалификациите и мораше да се задоволи со десеттата позиција на стартот. Во моментот на прекинот, Оскар Пјастри ја предводеше колоната пред Макс Верстапен, со оглед на тоа што повеќето возачи сè уште немаа поставено репрезентативно време.

Вистинската битка на патеката се разгоре во последните три минути. Хамилтон последен излезе од боксот и буквално во последниот сектор успеа да извлече дополнителна брзина и да го потисне Антонели на третото место. Сепак, Расел беше супериорен во својот брз круг и сосема заслужено дојде до пол-позицијата. Меѓу најдобрите десет се пласираа уште и Ландо Норис, Макс Верстапен, Исак Хаџар, Оскар Пјастри, Лиам Лосон и Нико Хулкенберг.

Во генералниот пласман моментално води Кими Антонели со 156 бодови, втор е Луис Хамилтон со 90, додека денешниот победник Џорџ Расел е трет со 88 бодови. Големата трка за Гран-при на Шпанија се вози утре со почеток од 15:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.