Џорџ Расел ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија, откако Мерцедес ја потврди одличната форма од тренинзите и доминираше на официјалните квалификации. Сепак, борбата за пол-позицијата помина во знак на тежок инцидент на Макс Верстапен и вистинска драма со судиските одлуки.
Квалификациите понудија неверојатна неизвесност, а младиот Кими Антонели во вториот болид на Мерцедес беше најбрз сè до одлучувачката трета сесија, кога направи клучна грешка и мораше да се задоволи со четвртото место. Вистинскиот шок уследи кога Макс Верстапен излета од патеката и со полна брзина се заби во заштитната ограда. Поради неговиот инцидент веднаш беа извадени жолтите знамиња, и тоа точно во моментот кога Расел го возеше својот најбрз круг (1:06,113). По долго веќење и неизвесност, стјуардите пресекоа дека сè е чисто бидејќи возачот на Мерцедес навремено го поминал спорниот сектор по првото спуштање на знамето, па пол-позицијата му беше официјално заверена. Верстапен, и покрај тешкиот судир, утре ќе тргне од петтата позиција.
Веднаш зад Расел, од првиот ред ќе стартува Шарл Леклер во Ферари, додека неговиот тимски колега Луис Хамилтон го освои третото место. Зад четвртопласираниот Антонели се пласираше дуото на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, а во топ-10 влегоа уште и Исак Хаџар од Ред Бул, како и двајцата возачи на Рејсинг Булс, Лијам Лосон и Арвид Линдблад.

