Меѓународен фудбал Фудбал

Рамноправна битка за поделба на бодовите, ПСВ – Шахтјор 1:1

ПСВ Ајндховен и Шахтјор Доњецк одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од првото коло на основната фаза во Лигата на шампионите. Украинскиот тим успеа да стигне до предност во финишот на првото полувреме. Исак Силва испрати одлична топка до Глејкер Мендоса, кој ја искористи укажаната можност и со прецизна реализација го доведе Шахтјор во водство.

ПСВ не чекаше долго за одговор по паузата. Домашниот состав тргна поофанзивно во продолжението, а Сержињо Дест во раната фаза од вториот дел го пронајде патот до мрежата и го израмни резултатот на 1:1. До последниот свиреж и двете екипи имаа желба да стигнат до трите бода, но недостигаше завршниот удар во нападот. Така, бодовите беа поделени во Ајндховен.

По првото коло, Шахтјор е на 14. место со еден бод, додека ПСВ се наоѓа на 15. позиција со ист број освоени бодови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.