Македонски фудбал Фудбал

Рамадани мора на операција!

Еден од најдобрите фудбалери во Првата македонска фудбалска лига и актуелен играч на Шкендија, Решат Рамадани, се повреди на пријателскиот натпревар кој го одигра за Македонија на гостувањето во Даблин против Ирска. Дополнителните прегледи кои беа направени во Македонија покажаа дека играчот се здобил со една од најтешките повреди во фудбалот – скинати предни вкрстени лигаменти и ќе мора да се изврши хируршка интервенција на коленото. Тимот на Шкендија во своето сооптешние вели:

„Играчот од средниот ред на Шкендија има руптура на лигаментите и е принуден да се подложи на операција. Дефанзивниот играч од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани, претрпе сериозна повреда за време на натпреварот помеѓу Ирска и Македонија кој се играше во Даблин“ – се вели во соопштението на Шкендија во кое се дополнува:

„Лекарските прегледи потврдија сериозна повреда на десното колено, што вклучува руптура на предниот вкрстен лигамент, оштетување на медијалниот менискус и дополнителни проблеми во околните структури. Се очекува играчот да биде опериран во наредните денови, пред да започне фазата на рехабилитација, која се очекува да трае неколку месеци. Клубот му посакува на Решат Рамадани брзо закрепнување и посилно враќање на зелените терени“.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести