Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Ракометната регионална лига е одложена за сезоната 2027/2028

Формирањето на најавуваното регионално натпреварување меѓу Македонија, Србија и Црна Гора е официјално одложено за сезоната 2027/2028, по состанокот во Скопје каде беа усогласени деталите за идниот систем. Главна пречка за побрз старт се покажаа згуснатите календари во домашните првенства, па федерациите одлучија следниот период да го искористат за градење стабилен модел со поддршка од ЕХФ и обезбедување влез во елитната Лига на шампиони.

Наместо полн натпреварувачки формат, следната година ќе стартува „пилот-проект“ со три промотивни турнири во Скопје, Белград и Подгорица, кои ќе послужат како загревање за десетте учесници пред официјалниот почеток на лигата. Македонија и Србија ќе бидат застапени со по четири екипи, додека Црногорците ќе имаат два претставници, со отворена можност во иднина во овој балкански ракометен блок да се вклучат и други земји од опкружувањето.

Поради новиот систем, македонските клубови и федерацијата ќе мора темелно да го реорганизираат домашното првенство за да се најдат соодветни термини за 18-те предвидени кола и финалниот турнир.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести