Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, денеска, во хотелот „Александар Палас“ се собраа во пресрет на натпреварите кои треба да ги одиграат селекциите на Германија и Словенија во квалификациите за Европското првенство.
Првиот натпревар на програмата е закажан за в среда од 18:00 во СЦ „Борис Трајковски“ каде девојките ќе настапат против силната Германија, додека натпреварот со Словенија ќе се одигра четири дена подоцна на гостински терен во Велење.
Македонија во моментов се наоѓа на позицијата број 3. со два освоени бода. Целта е задржување на третата позиција и токму преку ,,најдобро третопласирани репрезентации системот“ продолжат понатаму, со надеж за пласман и учество на Европското првенство.


