Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Рајс најави офанзивa, Англија оди со полна сила против Гана

Играчот од средниот ред на Англија, Деклан Рајс, порача дека неговата репрезентација е максимално мотивирана за дуелот со Гана и дека целта е уште една победа која ќе обезбеди место во нокаут-фазата на Светското првенство. Рајс откри дека капитенот Хари Кејн ги потсетил соиграчите на претходните турнири, кога Англија често кикснувала во второто коло, па затоа никој во тимот не сака истото сценарио да се повтори.

Фудбалерот на Арсенал смета дека второто полувреме од победата над Хрватска било пример како треба да изгледа Англија во продолжението од турнирот. Според него, доколку тимот го задржи тоа ниво на игра во текот на целиот натпревар, може да се носи со секој противник. Во пресрет на мечот, Рајс предупреди и на квалитетите на Гана, истакнувајќи дека африканската селекција поседува брзина, физичка сила и опасни контранапади, поради што Англија ќе мора да биде максимално концентрирана.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.