Меѓународен фудбал Фудбал

Рахим Стерлинг обвинет за опасно возење и поседување наркотици

Поранешниот англиски репрезентативец Рахим Стерлинг официјално е обвинет за опасно возење под дејство на наркотици, поседување супстанции од класа Ц и одбивање да направи тест за опијати. Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал и Фејенорд беше уапсен на 28 мај, откако со својот автомобил од марката „Ламборгини“ удри во заштитна ограда на автопатот М3 во близина на Минли. Во сообраќајната несреќа немаше повредени ниту други сообраќајни учесници.

Според полициското соопштение, 31-годишниот Стерлинг бил лишен од слобода на лице место под сомнение за повеќе сообраќајни и законски прекршоци, а подоцна бил пуштен со кауција. Веднаш по овој инцидент, холандскиот гигант Фејенорд донесе одлука експресно да го раскине договорот со офанзивниот фудбалер.

Стерлинг во моментов е без клупски ангажман, а по подигањето на официјалното обвинение се соочува со сериозни правни проблеми кои дополнително ја ставаат под знак прашалник неговата понатамошна фудбалска кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.