Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Рафиња се повреди, Бразилците во паника

Победата на Бразил над Хаити од 3-0 остана во сенка на повредата на Рафиња. Еден од најважните фудбалери на „кариоките“ мораше предвреме да го напушти теренот во 40. минута поради проблем со задната ложа на десната нога.

Во текот на денот, крилниот напаѓач ќе биде подложен на детални медицински прегледи кои треба да покажат колку е сериозна повредата и дали ќе биде подготвен за продолжението на Светското првенство.

Дополнителна причина за загриженост е фактот што Рафиња веќе имаше сличен проблем оваа година, поради кој отсуствуваше околу еден месец од терените.

Во бразилскиот табор се надеваат дека не станува збор за потешка повреда, особено пред последниот натпревар од групната фаза против Шкотска, кој е закажан за 25 јуни.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.