Меѓународен фудбал Фудбал

Рафиња не мрда од Барселона, се врати на подготовките!

Заврши одморот за бразилскиот офанзивец Рафиња. По комплетното опоравување од повредата заработена на Светското првенство, тој им се приклучува на соиграчите од Барселона на подготовките во Англија.

Иако многу се зборуваше за негово можно заминување и богати понуди од Саудиска Арабија, тој одлучно ги демантираше сите шпекулации. Капитенот на каталонскиот клуб е цврсто решен да остане и да го одработи договорот кој му истекува во 2028 година.

Барселона летово потроши 80 милиони евра за Ентони Гордон од Њукасл, а дојде и брзоногиот Карим Адејеми од Дортмунд. Сепак, засилената конкуренција од младиот Англичанец и брзиот Германец воопшто не го загрижува бразилскиот репрезентативец.

Иако раководството на клубот можеби посакуваше да го продаде додека неговата вредност е над 80 милиони евра, Рафиња одбива да се повлече. Неговиот карактер и спортски пркос не му дозволуваат лесно да се откаже од местото во тимот.

Тренерот Ханси Флик исклучително го цени неговото лидерство во соблекувалната и големиот придонес на теренот. Рафиња изминатата сезона постигна 21 гол и забележа осум асистенции на 33 натпревари. Покрај тоа, тој важи за еден од клучните играчи во високиот пресинг на германскиот стратег.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.