Меѓународен фудбал Фудбал

Рафиња е најубоитиот фудбалер во Европа оваа сезона

Бразилската ѕвезда на Барселона, Рафиња, ја отвори новата сезона во застрашувачка форма. Иако е крилен играч, Ханси Флик го прекомандува на позицијата централен напаѓач како „лажна деветка“, што се покажа како вистински тактички погодок на стартот од европската фудбалска сцена.

Бразилецот веќе има постигнато шест гола и три асистенции во воведните пет кола од Ла Лига, што значи дека е директен учесник во дури 9 од вкупно 21 погодок на Каталонците. Во триумфот над Леванте, тој за само 19 минути подели две асистенции, а ја диктираше играта и како најкреативен поединец со три креирани шанси и исто толку успешни дриблинзи.

Кога неговиот учинок ќе се спореди со најдобрите стрелци ширум Европа, Бразилецот доминира во сите параметри. Во Премиер лигата, Ерлинг Халанд има постигнато четири гола за Манчестер Сити без ниту една асистенција, додека во Серија А најдобар е Артем Довбик од Рома со пет погодоци. Ниту француската Лига 1 ниту германската Бундеслига немаат поединец кој може да му парира, во Франција Амин Гуири и Ласин Синајоко застанаа на четири гола, а во Германија предводниците Игор Матановиќ и Патрик Шик имаат скор од три погодоци и една асистенција.

Вкупниот ефект на Рафиња сметајќи ги сите натпреварувања, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, веќе изнесува импресивни 8 гола и 3 асистенции. Пристигнувањето на Габриел Жесус во меѓувреме ќе му овозможи на Флик простор за ротација и неопходен одмор на својот главен адут во згуснатиот распоред што ја очекува Барселона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.