Меѓународен фудбал Фудбал

Рафаел Леао би можел да ја замени Серија А со Премиер лигата

Рафаел Леао би можел да ги напушти редовите на Милан овој лето и да се пресели во Премиер лигата, откако Астон Вила ги отвори преговорите за неговиот трансфер. Иако изминатиот период интензивно се шпекулираше за негова можна преселба во Турција и тимот на Галатасарај, италијанскиот огранок на „Скај Спорт“ пренесува дека 27-годишниот Португалец им дал зелено светло на двете страни за реализација на трансферот во Бирмингем.

По седум години поминати во тимот на „росонерите“, португалскиот репрезентативец јасно стави до знаење дека е подготвен за нов предизвик. Леао пристигна во Милан од Лил, а кариерата ја започна во школата на Спортинг Лисабон, забележувајќи речиси 300 настапи во црвено-црниот дрес. Раководството на италијанскиот клуб е подготвено да го пушти крилниот офанзивец доколку Астон Вила плати обештетување од околу 50 милиони евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.