Македонски фудбал Фудбал

Рафаел ја засили Шкендија!

По разделбата со Лиридон Љатифи и Мохамед Алхасан, тетовските „црвено-црни“ експресно ја промовираа првата замена. Новиот член на средниот ред е Рафаел де Фреитас Силва, кој во Тетово пристигнува со богато меѓународно искуство.

Бразилецот доаѓа како слободен агент по завршувањето на обврските кон Тирана, каде што минатата сезона беше стандарден со 32 одиграни натпревари, четири погодоци и една асистенција. Во својата досегашна кариера, 26-годишниот фудбалер има настапувано и за португалски Лешоеш, како и за бразилскиот клуб Коимбра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.