Меѓународен фудбал Фудбал

Рафа Мир доби осум и пол години затвор, па потпиша за нов клуб

Шпанскиот напаѓач Рафа Мир претстојната сезона ќе ја мине во редовите на Арис како позајмен играч од Севиља. Солунскиот клуб веќе договори и дополнителна едногодишна соработка по истекот на позајмицата со 29-годишниот фудбалер, кој се наоѓа во центарот на голем скандал.

Мир пред речиси два месеца беше осуден на осум и пол години затвор поради сексуален и физички напад врз млада жена, инцидент кој го потресе шпанскиот фудбал уште додека играше за Валенсија. По донесувањето на првостепената пресуда, тој доби и двогодишна суспензија за настап во Ла Лига, но сепак доби дозвола да го напушти шпанското првенство.

Правото да игра во Грција произлегува од шпанскиот закон, кој му овозможува слобода на осудениот сè додека не се исцрпат сите правни лекови. Адвокатскиот тим на поранешниот младински репрезентативец веќе најави жалби до сите повисоки судски инстанци во Шпанија, што му купува време да ја продолжи кариерата надвор од татковината.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.