Кошарка Македонска кошарка

Работнички слави 80 години: Мисијата е да го вратиме клубот на врвот!

Кошаркарскиот клуб Работнички годинава прославува 80 години од основањето, а големиот јубилеј во „Градски Парк“ го пречекуваат со план за целосна стабилизација и враќање на клубот на врвот. Претседателот на Управниот одбор, Александар Стојкоски, призна дека клубот минал низ тежок период, но истакна дека веќе се направени значајни чекори кон финансиско и организациско консолидирање.

„Не сакаме инстант успех, туку систем кој ќе носи резултати со години. Работнички за мене не е само клуб, туку дел од идентитетот на македонската кошарка. Мисијата е јасна – да го вратиме клубот таму каде што припаѓа, на врвот“, изјави Стојкоски.

Извршниот директор Бранко Радевски откри дека долговите се намалени за околу 70 отсто, но нагласи дека потребни се уште неколку месеци за клубот целосно да застане на здрави нозе.

„Без силен Работнички нема силна македонска кошарка, а на добар МЗТ му треба силен Работнички“, порача Радевски.

По минатогодишната сезона во која Работнички до самиот крај се бореше за опстанок, клубот сега влегува во новата сезона со поголеми амбиции и јасна цел – постепено враќање на позициите кои традиционално му припаѓаат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.