Кошарка Македонска кошарка

Работнички против Куманово за чест и подобар пласман

Денес ќе се одигра последното коло во регуларниот дел од машката кошаркарска МТЕЛ Супер Лига. Сите натпревари ќе се одиграат во ист термин, од 18:00 часот.

Екипата на Рабтнички ги загуби шансите да се пласира во Плеј-офот, но и за нив бодовите против Куманово се важни за подобра позиција во разигрувањето за опстанок. Од друга страна кумановчани се во борба да обезбедат Плеј-оф, ќе мораат да слават денес во Градски парк, но и да ги чекаат резултатите од останатите натпревари.

За сега само три екипи имаат обезбедено сигурен пласман во Плеј-оф, ТФТ, МЗТ Скопје и Пелистер. Остануваат уште три слободни позиции за кои се борат пет екипи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести