Македонски фудбал Фудбал

Работнички освои златни 3 бода, победа против Струга ТЛ од 1:2!

Фудбалерите на Работнички запишаа исклучително важна победа во битката за опстанок, откако на тешкото гостување кај Струга Трим Лум славеа со 1-2 во последниот натпревар од 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, меч кој донесе голема борба и неизвесност до самиот финиш. Гостите поведоа уште во 14. минута преку Попзлатанов по грешка на голманот Ангелети, а иако домашните возвратија на стартот од вториот дел со реализиран пенал на Малески, „романтичарите“ останаа смирени и со голот на Аритон Мехмед во 85. минута стигнаа до три златни бода.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести