Денес се одигра последното коло од регуларниот дел од машката кошаркарска МТЕЛ Супер Лига.
Во последното коло се решаваше кои екипи ќе ги заземат последните три места за Плеј-оф завршницата, во која веќе беа пласирани екипите на ТФТ, МЗТ Скопје и Пелистер.
Работнички, во својот Градски парк, славеше победа над Куманово со 76:72. Домаќинот на овој натпревар, немаше шанса за пласман во Плеј-офот, но играше за својата чест, за своите навивачи и за подобар пласман, додека за кумановци овој натпревар беше од голема важност во борбата за првите шест позиции и пласман во Плеј-оф фазата. На крајот, со овој пораз Куманово извиси и не успеа да заврши во најдобрите шест на табелата.
Тиквеш со убедлива победата над ТФТ (102:74) во последното коло, а и поразот на Куманово во Скопје, успеа да се пласира на позициите кои водат во Плеј-оф фазата.
Во Пле-оф фазата продолжуваат екипите на ТФТ, МЗТ Скопје, Пелистер, Маџари, Кожув и Тиквеш.

