Македонски ракомет Ракомет

Пуштени во продажба билетите за дербито меѓу Вардар и Охрид

Ракометниот клуб Вардар ги пушти во продажба билетите за претстојното дерби против Охрид во рамките од 5. коло во Суперлигата. Мечот е закажан за сабота со почеток од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ влегуваат во овој дуел со голема самодоверба по триумфот над истиот ривал во Суперкупот на Македонија. Сепак, за нов успех ќе им биде потребна силна поддршка од трибините.

Од ракометниот клуб упатија директен повик до сите свои навивачи:

„Обезбедете го своето место навреме и бидете со Вардар. Да го исполниме ‘Јане Сандански’ и заедно да одиме по нова победа.“ – истакнаа од таборот на црвено-црните.

Влезниците веќе се достапни за онлајн купување преку платформата vtickets.mk. Цените се движат од 300, 400 и 500 денари во зависност од блокот и секторот на трибините.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.