Селекторот на САД, Маурисио Покетино, го објави конечниот список од 26 фудбалери за Светското првенство. Главна ѕвезда на тимот очекувано ќе биде офанзивецот на Милан, Кристијан Пулишиќ. Капитенската лента на претстојниот Мундијал ќе ја носи играчот за врска на Јувентус, Вестон МекКени.
Покана во националниот тим добија и Тајлер Адамс, Џо Рејна, Хаџи Рајт и Крис Ричардс. Американците на Светското првенство 2026 година ќе настапат во групата Д против селекциите на Парагвај, Австралија и Турција.
Сепак, Покетино најмногу ја збуни јавноста со објаснувањето зошто не ги побарал телефонски пречкртаните фудбалери. Тој изјави дека не сака да им нуди лажни изговори и празни извинувања. Искусниот стратег смета дека таквите разговори се глупост и само дополнително би ги збуниле играчите.
Remember the names.
Our 26 for 2026. pic.twitter.com/dtbF8CP4zV
— U.S. Soccer Men's National Team (@USMNT) May 27, 2026

