Македонски фудбал Фудбал

„Пукна тиквата”, Комити го кренаа гласот против управата на ФК Вардар!

Најверните навивачи на Вардар по лошото издание на своите миленици по поразот на домашен терен од Шкендија со 0-2 го кренаа гласот против моменталното раководство на клубот. Иако во изминатиот период односите на релација навивачи-управа беа релативизирани, од вчера, Комитите повторно влегоа во војна со управата на клубот.

Причина за ваквиот епилог на настаните се катастрофалните изданија на тимот предводен од Кристијан Фабијани, фамозно најавениот стратег од Аргентина, кој засега не успева да се снајде најдобро во нашиот најдобар фудбалски колектив.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.