Меѓународен фудбал Фудбал

ПСЖ тргнува по еден од најдобрите голмани во Бундеслигата

Францускиот гигант Пари Сен Жермен активно работи на засилување на голманската позиција, а главен пик на раководството е чуварот на мрежата на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел. Според пишувањата на германскиот медиум „Спорт Билд“, францускиот шампион веќе ги воспоставил првите контакти со швајцарскиот репрезентативец во обид да го убеди за преселба во Париз.

Иако во моментов меѓу стативите на европскиот првак стои Матвеј Сафонов, рускиот чувар на мрежата сè уште ги нема целосно убедено сите клупски структури дека претставува долгорочно решение за „Паркот на принцовите“. Од друга страна, 28-годишниот Кобел импресионира со своите фантастични одбрани од почетокот на оваа сезона, поради што претставници на ПСЖ веќе одржале неколку прелиминарни разговори со него и неговите агенти.

Сепак, германскиот гигант нема намера лесно да се откаже од својот прв голман. Борусија Дортмунд веќе влезе во напредна фаза на преговори за нов, финансиски подобрен договор со Швајцарецот. Иако неговата актуелна соработка со „милионерите“ е со важност до летото 2028 година, раководството по секоја цена сака дополнително да го осигура неговиот престој и навреме да ја одбие офанзивата од Париз.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.