ПСЖ ја продолжува стратегијата за инвестирање во млади европски таленти, а новото големо засилување за францускиот шампион ќе биде Мајк Годтс, 21-годишниот белгиски крилен напаѓач на Ајакс. Според информациите на познатиот инсајдер Фабрицио Романо, двата клуба веќе постигнаа вербален договор, а ПСЖ за овој трансфер ќе издвои дури 55 милиони евра.
Годтс зад себе има фантастична сезона во Амстердам, каде што на 34 натпревари во холандското првенство постигна 17 голови и запиша 13 асистенции. Тој продолжи во одличен ритам и на стартот од новата сезона, помагајќи му на Ајакс да избори пласман во плеј-офот од Конференциската лига за дуелот против швајцарски Сион.
Иако на изненадување на јавноста го пропушти Светското првенство со репрезентацијата на Белгија, ПСЖ во него гледа долгорочно решение и клучен играч за иднината на својот напад. По завршувањето на последните административни формалности, зделката и официјално ќе биде потврдена.

