Меѓународен фудбал Фудбал

ПСЖ подготвува луда прослава и покрај хаосот на улиците!

Новиот европски владетел ПСЖ денеска ќе ја прослави одбраната на круната во Лигата на шампионите. Францускиот гигант организира масовен собир на париските улици и покрај синоќешните жестоки инциденти по натпреварот.

Парижани вчера стигнаа до големиот трофеј по вистинска драма во Будимпешта. Тие го совладаа Арсенал со 4:3 по изведување на пенали. Регуларниот дел од овој дуел заврши со нерешен резултат 1:1.

Лудата забава во главниот град започнува точно во 14:00 на познатите Марсови полиња. Шампионите ќе го донесат пехарот пред Ајфеловата кула на бина долга 450 метри. Таму се очекува присутна бројка меѓу 85.000 и 90.000 фанатични навивачи.

Пред доаѓањето на фудбалерите, публиката ќе ужива во музички концерти и потсетување на најдобрите сезонски моменти. Спектаклот од 19:30 се сели на култниот стадион „Паркот на принцовите“. Влезот таму е резервиран за сопствениците на сезонски билети и лојалните членови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.