Меѓународен фудбал Фудбал

ПСЖ и Баерн Минхен во финале пред финалето во Лигата на шампиони

Вечерва почнува полуфиналната фаза од Лигата на шампиони, а ќе започне со мега дуел во Париз, каде актуелниот шампион ПСЖ ќе го пречека германски Баерн Минхен, на „Паркот на принцовите“. Со право овој дуел се нарекува финале пред финалето, затоа што ќе се судрат двете екипи кои покажаа највеќе во досегашниот дел од најелитното натпреварување на стариот контитент. Овие два тима веќе се сретнаа во групната фаза, а Баерн на истиот стадион дојде до победа од 2:1, со головите на Луис Диаз, а Жоао Невес беше стрелец за ПСЖ.

До полуфиналето и двете екипи дојдоа доминантно, разбивајќи ги противниците. ПСЖ со вкупни 8:2 го разби Челзи во двомечот, а потоа во четвртфиналната фаза падна уште еден англиски великан Ливерпул, со две победи и вкупни 4:0. Баерн Минхен прво ја мина Аталанта во осминафиналето со вкупни 10:2, а потоа во четвртфиналето, во еден спектакуларен двобој, го елиминираше и Реал Мадрид со две победи и вкупни 6:4.

Другиот полуфиналер пар го сочинуваат Арсенал и Атлетико Мадрид.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести