Актуелниот европски шампион ПСЖ приреди вистинска голеада на гостувањето кај Вилјареал, демонстрирајќи ја својата напаѓачка моќ во Лигата на шампионите. Парижаните одиграа фантастичен натпревар и со серија брзи погодоци поставија нов историски рекорд во елитното европско натпреварување. Францускиот гигант постигна четири гола за само 16 минути и две секунди, што претставува најбрз ваков учинок на гостински терен во историјата на Лигата на шампионите.
Уште во 16. минута ПСЖ имаше убедлива предност, а домаќините не успеаја да најдат начин да го запрат налетот на избраниците на Луис Енрике. Вилјареал беше немоќен пред офанзивната моќ на гостите, кои целосно ја презедоа контролата врз натпреварот. Со оваа историска голеада, ПСЖ покажа уште еднаш потврди зошто е меѓу главните фаворити за европската круна.

