Францускиот шампион ПСЖ му постави ултиматум на младиот напаѓач Бредли Баркола. Тој мора да го продолжи договорот или да биде продаден ова лето.
Според информациите на „Ди Атлетик“, тренерот Луис Енрике сака само играчи кои се целосно посветени на тимот. Доколку Баркола одбие да потпише, тој може да го пропушти целиот следен шампионат.
Раководството на ПСЖ бара дури 170 милиони евра за неговите услуги. Баркола во изминатите три години постигна 39 гола и освои две титули во Лигата на шампионите.
За неговите услуги најсериозен кандидат е Ливерпул. Англискиот гигант е подготвен да плати 100 милиони евра, што е далеку од барањата на парижаните.
Доколку клубовите не најдат заеднички јазик до 1 септември, Баркола се соочува со сурова казна. Неговиот актуелен договор со ПСЖ има важност до 2028 година.

