Меѓународен фудбал Фудбал

ПСЖ го доведе Феран Торес од Барселона за 50 милиони евра

Пари Сен Жермен доби ново офанзивно засилување. Францускиот шампион официјално го потврди трансферот на Феран Торес од Барселона, откако шпанскиот репрезентативец стави потпис на петгодишен договор со клубот од Париз. За услугите на 27-годишниот напаѓач, ПСЖ ќе издвои 50 милиони евра, со што Торес ја завршува својата епизода во Барселона и започнува нова авантура во францускиот фудбал.

Шпанецот веќе пристигна во Париз, каде што успешно ги помина лекарските прегледи, по што и официјално го потпиша договорот. Во дресот на новиот клуб Торес ќе настапува со бројот 9 на грбот. Трансферот претставува значајна промена за напаѓачот, кој сега ќе има можност да се наметне во еден од најамбициозните состави во Европа.

Торес е третото засилување на ПСЖ во актуелниот летен преоден рок. Пред него во Париз пристигнаа Лукас Дињ и Магнес Аклиуш, па францускиот шампион продолжува активно да го засилува ростерот пред стартот на новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.